Лидерот на босанските Срби Милорад Додик ја отфрли заканата за санкции од Западот, истакнувајќи ја можноста за итна средба со рускиот претседател Владимир Путин, во интервју за британски „Гардијан“.
Членот на босанското претседателство нагласи и дека нема да биде поколебан од апелите од Лондон, Вашингтон, Берлин и од Брисел, додавајќи дека можните санкции од ЕУ би го насочиле кон барањето на инвестиции од Кина, додека очекува наскоро да се сретне со рускиот лидер.
– Мислам дека тоа ми се допаѓа. Кога одам кај Путин, нема барања. Тој само вели, со што можам да ви помогнам. За што и да разговарав со него, никогаш не бев измамен. Не знам врз што друго да ја засновам довербата, ако не за тоа – вели Додик, додавајчи дека и кинескиот претседател Си Џинпинг му порачал „оти е тука ако може да му помогне“.
Додик се најде на осуда од меѓународната заедница поради неговата истакната намера за повлекување на Србите од државните институции на БиХ, меѓу кои се судството, разузнавачката агенција, а дури и од армијата.
Предлогот е опишан како чекор кон сецесија и ризик за Дејтонскиот мировен договор од 1995 година, во извештајот од високиот претставник на ЕУ во БиХ доставен до Обединетите Нации.