Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 25 до 32 степена.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 31 степен.
УВ индексот ќе изнесува 6.
До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време. Во недела ќе има извесно зголемување на облачноста со умерен северен ветер и благо опаѓање на дневната температура. Позначителна промена на временската состојба со поизразено заладување ќе има од вторник.