Екипа од бугарското јавно обвинителство денеска треба да пристигне во Скопје за да ги преземе изработените ДНК-профили од роднини на настраданите во автобуската несреќа, со цел за идентификување на загинатите.
На предистражната постапка работат шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Подрачното обвинителство во Перник.
Портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева, претходно нагласи дека дека бугарските истражители во најкус можен рок ќе ги добијат потребните документи од нивните македонски колеги.