Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 16 часот и 8 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 120 километри југозападно од Скопје и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4.0, а беше почувствуван од населението во западните делови од нашата Република со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираа надлежните.