Министерството за здравство (МЗ) информира дека во тек е скринингот на учениците во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава. Досега се тестирани 1.323 ученици на подрачјето на Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци.
-Од нив само 6 основци биле позитивни на ковид-19, а 1.317 ученици биле негативни на тестот. ЦЈЗ при детектирање на позитивен ученик, постапуваат согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот. За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати Центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот ковид-19 меѓу учениците во училиштата – информираат од МЗ.