Помалите раси на кучиња имаат поголеми проблеми со непцата и губење на забите
Пародонталната болест е еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат кучињата. Новото истражување покажа дека помалите раси се изложени на поголем ризик за разлика од поголемите раси на кучиња. Оваа болест вклучува воспаление на непцата (гингивитис) и бактериска инфекција, која може да доведе до губење на забите (периодонтитис). „Сајенс дајрект“ го спроведе најголемото истражување од ваков вид во САД досега, а беше објавено неодамна во весникот за ветеринарство.
Повеќето кучиња на кои им е дијагностицирана пародонтална болест тежеле помалку од 15 килограми. Најпогодени раси биле минијатурни пудлици, јазовичари, јоркширски териер, кокер шпаниел и џек расел териер.
Научниците како предиспозиции за пародонтална болест ги наведуваат генетиката, варијациите во обликот на черепот, пренатрупаноста на забите, големината на вилицата и разликите во исхраната. Помалите кучиња имаат пропорционално поголеми заби, а тоа може да доведе до пренатрупаност и зголемено таложење на наслаги и гингивитис. Во студијата се заклучува дека отстранување на забниот камен и секојдневно миење на забите може да ги спречат овие проблеми.