Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Тони Коњановски, е новиот градоначалник на Битола. Коњановски, кој води со над 1.600 гласови, на прес-конференција ја прогласи победата, иако не се добиени конечните резултати на сите 170 изборни места
Неговата победа му ја честита и противкандидатот Христо Кондовски.
– Денеска Битола победи. Како во првиот, така и во вториот изборен круг граѓаните на Битола гласаа за промени, за Битола, кои во изминатите 14 дена не подлегнаа на притисоците – изјави Коњановски.
Тој најави дека во наредните денови ќе води интензивни преговори за формирање на општинскиот совет. М.М.