Во пресрет на состанокот на НАТО, одржан од 21 до 22 октомври во Брисел, германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер покажа незаинтересираност за сериозен дијалог со Москва за деескалација на ситуацијата, пренесуваат руските агенции.
Таа посочи дека НАТО треба да покаже подготвеност да ја искористи својата војска против Русија, анализираат истите во своите написи.
„Се надеваме дека ќе има разумни лидери во Германија кои ќе можат да го одвратат нивниот министер за одбрана од непромислена желба да ја тестира способноста на нашите вооружени сили“, се вели во коментарот на Марија Захарова.
Таа во напишаното додава дека седницата на Советот на НАТО уште еднаш покажала дека огромната машинерија на НАТО и по 70 години е исклучиво насочена кон ограничување на Русија.
„Алијансата, која повторно неуспешно ја заврши ерата на големи операции, како и за време на Студената војна, го зајакнува својот потенцијал да му се спротивстави на противникот од исток“, ја пренесуваат напишаната порака на Захарова руските агенции.
За таа цел, министрите на НАТО утврдија стратешки план за реализација на Концептот за одбрана и воздржаност во Евроатлантикот и одлучија да ги ажурираат одбранбените планови на алијансата на „источниот раб“.
„Тие имаат намера да ги зголемат воздушните патроли над Балтикот, во водите на Црното Море и да ја зголемат мобилноста на вооружените сили“, вели Захарова.
Претходно, германската министерка за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер изјави дека НАТО треба да ѝ покаже на Русија подготвеност да користи оружје во случај на потреба.