Градот Скопје утре ќе започне со прскање против ларви од комарци и возрасни форми од комарци на подрачјето на градот. Aвионската дезинсекција ќе започне в петок и ќе продолжи и следниот ден, додека терестичната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје ќе започне в недела и ќе заврши најдоцна до 20 септември.
– Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин – велат од градот Скопје.
Оттаму апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.