Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека сериозно ја сфаќа загриженоста на Германците во врска со кривичните дела што ги извршуваат мигрантите, но порача дека „нема оправдување“ на тоа да се оговора со омраза, симпатија кон нацизмот или насилство.
Во обраќање во Парламентот во Белин, Меркел истакна дека разбира оти многумина се загрижени поради насилните кривични дела на мигранти по убиството на еден Германец во Кемниц поради што беа уапсени по еден државјанин на Ирак и Сирија.
Германската канцеларка во исто време ги осуди и демонстрациите на ултрадесничарите во Кемниц, во источниот дел на Германија, во кои беа повредени неколку странски државјани.
– Нема оправдување или изговор за омраза, примена на насилство, користење нацистички симболи и непријателство кон луѓе кои изгледаат поинаку, истакна Меркел.
Таа ги повика членките на ЕУ да бидат солидарни и да обезбедат европската погранична служба Фронтекс да има доволно овластување за да биде ефикасна и да помага во запирањето на илегалната миграција, во согласност со плановите на Европската комисија.