Официјалната статистика соопштена од надлежните институции потврдува застрашувачка бројка на самоубиства во Албанија.
– Државниот институт за статистика, ИНСТАТ соопшти дека во период од три години, 2015/2017 година регистрирани се 659 самоубиства. За изминатиот период од оваа календарска година сеуште нема официјална бројка иако според полицијата и заравствените установи тој број и понатаму загрижува, наведува тиранската телевизија Визион плус.
Според истиот извор, за неполни 24 часа регистрирани се три самоубиства.
Психолозите сметаат дека главните причини кои доведуваат до самоубиство се психичко растројство, депресија, стрес, како и користење алкохол и различни видови дрога.
Стручните лица додаваат дека загрижувачка појава,која е во пораст се обидите за самоубиство кај адолесцентите, поради влијанието врз нив што го имаат и филмовите.