Во рамките на COST ACTION 18236 ( EUROPEAN COOPERATION IN SCIENCE AND TEHNIOLOGY), мрежа воспоставена од Европската комисија, со наслов Multi – disciplinary innovation for social change (SHIINE), на 17.09.2021 година во Скопје, на Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА, ќе се одржи Национална средба. Организатор на настанот е ЕЛИПСА – Асоцијација на граѓани, Центар за одржлив развој.
Настанот ќе се реализира во форма на Тркалезна маса со присуство на над триесет гости говорници и поканети учесници, од различни области, (претставници на бизнис секторот, експерти од социјалното претприемништво, високото образование, млади истражувачи, здравството, економијата и локалната самоуправа).
Темите кои се предмет на презентирање и интеракција на Тркалезната маса се дизајнирани да обединат повеќе општествени категории.
Целтта на оваа Тркалезна маса е креирање можности младите да остварат систематско разбирање на социјалното претприемништво преку промовирање на значењето на социјалната вклученост во создавање на промени во оопштеството, иновации и нивните позитивни ефекти врз животот на заедницата заедница. Младите треба да стекнат знаење за карактеристиките на социјалните претпријатија, да го разберат бизнисот како сублимант од деловен и социјален аспект, подобрување на професионални вештини за користење методи за развој на бизнис и промоција на социјалното претпемништво.
Концептот на Тркалзената маса е дизајниран со цел да ги презентира актуелните состојби во македонското општетсво во услови на глобализација, дигитализација, иновација, пандемија и социјални промени.