Македонските читатели со сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19, во изминатите седум дена имаа можност да дојдат до најновите книжевни изданија на 60 издавачки куќи кои учествуваа на саемот на книгата, што до денеска се одржува на отворено кај СЦ „Борис Трајковски“. Во рамките на саемот имаше вкупно 33 промоции на нови дела и автори, покрај изложбено-продажниот дел.
Саемот на книгата е организиран во соработка со македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија, со поддршка од Министерството за култура.