Земјотрес од 2,4 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван синоќа во Виница.
Земјотресот се случил 21 минута по полноќ, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот се наоѓа на 100 километри источно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово.