РАКОМЕТ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ ЗА ЖЕНИ

Со пораз почна новата натпреварувачка сезона во женската Лига на шампионите (ЛШ) за актуелниот европски првак Вајперс Кристијансанд и за вицепрвакот Брест. Во 1. коло од групната фаза унгарскиот вицепрвак Ѓер славеше убедлива победа над норвешкиот првак Вајперс со 35-29, а рускиот вицепрвак Ростов Дон со 26-24 беше подобар од францускиот шампион Брест Бретања.
Победнички првото коло го почна и хрватскиот првак Подравка, кој славеше убедливо со 29-22 над црногорскиот првак Будуќност. Дуелот помеѓу германскиот првак Борусија Дортмунд и унгарскиот ФТЦ Риал Карго заврши без победник, 25-25.
Средбата на францускиот првак Мец со рускиот шампион ЦСКА Москва е одложен, а со синоќешните дуели Есбјерг – Букурешт, Савехов – Крим и Кастамону – Оденсе се комплетира првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите за жени.


ПРВО КОЛО

Ростов Дон – Брест 26-24
Борусија Д. – Риал Карго 25-25
Подравка – Будуќност 29-22
Ѓер – Кристијансанд 35-29
Есбјерг – Букурешт синоќа
Савехов – Крим синоќа
Кастамону – Оденсе синоќа
Мец – ЦСКА Москва одложено