Најдобриот светски тенисер моментно, Новак Ѓоковиќ, урна рекорд кој беше во сопственост на Роже Федерер и се пласира во полуфиналето на гранслем-турнирот САД опен. Ѓоковиќ во четвртфиналето го победи Матео Беретини со резултат 3-1.
Победата над Беретини за Ѓоковиќ беше 224-та во дуелите со тенисерите од првите десет места на АТП-листата. Федерер има 223 победи над играчите од самиот врв на светскиот тенис.
Во соочувањата со играчите од „топ 10“, Ѓоковиќ, забележал 101 пораз, а Федерер запишал 123 порази.
Трет на оваа листа е Рафел Надал со 178 победи и 99 порази.