Домување
Еден од најчестите совети и препораки на дизајнерите на ентериер за визуелно зголемување на просторот што придонесува за појава на просторност е употребата на светли тонови, особено бели. Исто така, се препорачуваат други неутрални нијанси, како што се бледожолта и беж.
Малите детали при украсувањето на становите прават голема разлика, но избегнувајте многу мали украси, бидејќи така просторот и површините ќе изгледаат неуредно и преполно.
Честопати sидовите остануваат неискористени, а во мал простор нивното значење е огромно. Затоа треба да користите ѕидни плакари, како што се оние што се сместени во кујните, како и полици и други парчиња мебел што може да ви помогнат. Ѕидните плакари може да бидат поставени над креветот, софите, зад вратата или над неа и во аглите, а просторот каде што не можете да чувате мебел, секогаш може да се користи за огледала, слики, фотографии и други украси. Докажано е дека огледалата го прават просторот визуелно поголем, па може да поставите неколку во станот.
Иако може да изгледа контрапродуктивно, поместувањето на мебелот подалеку од sидовите и аглите може визуелно да го зголеми просторот. Имајќи предвид дека на вашите работи им треба простор – чистите и отворени агли ќе остават подобар впечаток.