Реал Мадрид оствари рекордни приходи од 750,9 милиони евра за периодот 2017-18. Ова е за 11,3 отсто повеќе од претходната година, што значи зголемување на приходите од 76,3 милиони евра, што е највисока сума постигната од клубот за една година од 2000 година.
 
Реал Мадрид ја заврши годината со профит од 43 милиони евра пред оданочување.
 
Откако ќе се платат даноците, нето-добивката на „кралевите“ е 31,2 милиони евра, што е за 45,9 отсто повеќе од претходната година.
 
Долгот, сепак, се зголемува веќе трета година по ред, иако Реал Мадрид ги намали своите обврски за 96,7 милиони евра, што е најголемото намалување на долгот, постигнато за една година од клубот во последниве 15 години.
 
Покрај тоа, придонесот на Реал Мадрид за даноци и социјално осигурување изнесува 285,4 милиони евра.