Новозеландската полиција соопшти дека застрелала насилен екстремист, откако тој со нож ранил шест луѓе во супермаркет во Окленд. Ова е првиот терористички напад во Нов Зеланд, откако Брентон Тарант уби 51 лице и повреди 40 други во оружениот напад во две џамии во Крајстчрч, во 2019 година, како што пренесуваат светските медиуми. Тарант беше осуден на доживотен затвор, а Нов Зеланд оттогаш ги заостри законите за поседување оружје.
Премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн, изјави дека станува збор за терористички напад, како и дека напаѓачот е државјанин на Шри Ланка кој бил поврзан со Исламската држава (ИД), и под надзор на безбедносните служби. Властите се убедени дека тој дејствувал сам и дека моментно не постои дополнителна опасност.
– Нападот беше извршен од индивидуа, а не од страна на вера, култура или етницитет. Од страна на индивидуа опфатена од иделологија што не е поддржана од никој во нашата заедница. Само тој ја носи одговорноста за овие постапки – истакна Ардерн.