Вкупно 821 граѓанин досега направил увид во подрачните единици и канцеларии на Комисијата за увид во избирачкиот список, при што еден граѓанин поднел барање за запишување.
Рокот за заклучување на избирачкиот список е 24 септември, додека избирачкиот список треба да биде потпишан до 1 октомври.
Се зголемува и бројот на кандидатите кои ги собрале потребните потписи во пресрет на изборите. Се очекува СДСМ денеска да соопшти дел од своите кандидати за градоначалници, според минатонеделните најави на премиерот Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ во петокот ги објави имињата на уште 19 кандидати за градоначалници.
Кандидатските листи треба да бидат поднесени до општинските изборни комисии најдоцна до 11 септември, а треба да бидат потврдени најдоцна до 18 септември.
Утре треба да пристигнат првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти што првпат ќе се применуваат на локалните избори.
Иборната кампања за првиот круг почнува на 27 септември и завршува на 15 октомври. Изборите се закажани за 17 октомври, додека вториот круг треба да се одржи 30 октомври.