Последниот член на македонската експедиција кој настапи на Летните олимписки игри во Токио, борачот Могамедгаџи Нуров, не успеа да го мине четврт-финалето во категоријата до 97 килограми.
Нуров не успеа да го победи Кубанецот Ринерис Салас Перез. Борбата беше израмнета се до самата завршница кога Кубанецот искористи едно невнимание на Нуров, поентираше и победи со 6-4.
Нурув сега само може да се надева дека ќе биде повлечен во репасажот за да може да се бори за бронзениот медал.