Техно

Омилениот робот Р2-Д2 од филмот „Војна на ѕвездите“ официјално стана играчка Тамагочи. Тамагочи беше исклучително популарен пред дваесетина години, а за оние што не знаат, тоа е „џебно милениче со пиксели“. Дроидот Р2-Д2, кој официјално стана виртуелен миленик, пристигна на овој свет со големо задоцнување.
Новиот Тамагочи е достапен во две бои – бела, која најмногу потсетува на Р2-Д2, како и ретросина и проѕирна верзија.
Роботот изгледа многу слично со „миленичињата“ што постоеја пред две децении. Овој модел на Тамагочи има мал ЛСД-екран и три физички копчиња што им овозможуваат на корисниците да го обучуваат своето милениче и да се грижат за него. Р2-Д2 може да научи 19 различни вештини, а за корисниците исто така се достапни и некои мини-игри.
Новиот Р2-Д2 е технички првиот официјален Тамагочи што го содржи популарниот дроид, а сѐ уште не е познато кога ќе се појави на пазарот и колку ќе чини.