Европската Унија ќе испрати помош за да помогне во справувањето на пожарите на територијата на Македонија, најави Јанез Ленарчич, шеф на европската Комисија за управување со кризи.

– ЕУ испраќа капацитети во Грција и Северна Македонија како поддршка на локално ниво. Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од ЕУ – напиша Ленарчич.

Денеска во Македонија пристигна помош и од Словенија, при што словенечките пожарникари веќе се во Берово.