Во гаснењето на пожарите во државата се вклучија и екипи на ЈКП „Водовод“ Битола. Ова јавно претпријатие покрај во гаснењето на пожарите во Нагоричани се вклучи и со цистерна за снабдување на населението со вода за пиење.

Оваа цистерна ЈКП „Водвод“ ја доби неодамна во рамките на прекуграничниот проект на Пелагонискиот плански регион и Министертвото за локална самоуправа со соседна Грција.

М.М.