Македонскиот олимписки херој Дејан Георгиевски стрпливо позираше со освоениот сребрен медал околу вратот пред медиумите и бројните љубители на спортот кои го пречекаа на скопскиот аеродром по пристигнувањето на Токио.
Тој се фотографираше и со најмладите за кои овој момент може да послужи како поттик за да се занимаваат со спорт, а можеби и да станат олимпијци еден ден.
Како што кажа македонскиот таеквондист, овој успех е за целиот народ во Македонија. Токму тоа се забележува на секој чекор каде што се слави неговото освоено сребро.