Хрватската престолнина Загреб и околните области денеска беа погодени од најавениот силен дожд, што предизвика проблеми во источниот дел на градот, Дуго Село и неговата околина.
– Обилниот дожд, кој започна од 13 часот, предизвика проблеми во источниот дел на Загреб, Дуго Село и околината. Има поплавување на патишта и подруми, а има и неколку извештаи за паднати дрвја на патишта, врз паркирани возила и објекти – се наведува на фејсбук-профилот на тамошната Дирекција за цивилна заштита.
Тие додаваат дека окружниот центар 112 Загреб примил околу 50 повици од граѓани кои барале интервенција од пожарникарите и комуналните служби.
Невремето придружено со силен дожд и ветер им создало проблеми на возачите, пренесува порталот „Кликс“.
Според метеоролозите, во БиХ се очекуваат врнежи и во наредните денови.
Издаден е жолт метеоролошки аларм за целата земја.