Премиерот Андреј Пленковиќ денеска повторно апелираше од хрватскиот парламент до граѓаните да се вакцинираат против коронавирус и рече дека Хрватска има 1,3 милиони неискористени дози вакцини.
– Секоја вакцинирана личност, секоја спречена инфекција денес, живот е спасен утре – рече Пленковиќ.
Тој потсети дека во Хрватска до денес вакцинирани се нешто повеќе од 46% од возрасната популација и посочи дека без висока стапка на вакцинација, вирусот не може да се победи.
Пленковиќ рече дека владата преку мерки и поддршка ги зачувала работните места за време на пандемијата и дека сега влегува во нова фаза – создавање работни места, објавија хрватските медиуми.