Со одигрувањето на премиерната претстава „Луди за љубов“, вечерва во Битола ќе биде спуштена завесата на годинашното 22. издание на фестивалот на монодрама.
Највисокото признание на фестивалот, наградата „Гран при“ според одлуката на жири-комисијата во состав Весна Петрушевска – претседател, Тодор Кузманов и Љупчо Ѓоргиевски, ја доби претставата „Последната лента на Крап“ од Семјул Бекет, а во режија и изведба на Ѓорги Јолевски.
Ѓорги Јолевски е добитник и на признанието за најдобра режија, а наградата за најдобар актер на фестивалот ја доби Биљана Драгичевиќ – Пројковска, за улогата во претставата „Кармен“ од Мигел Делибас во режија Дејан Пројковски.
Наградата од публиката ја доби претставата „Избувливиот човек“ од А.П.Чехов, во која главна улога имаше актерот Ефтим Трајчов.
Фестивалот на монодрамата во Битола се одржа со поддршка на Министерството за култура и општина Битола. М.М.