Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (5 јуни) спровела зајакната контрола на територијата на целата држава, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Како што информираат од МВР, притоа санкционирани биле 778 возачи. Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Најголем број од санкциите се изречени на територија на Тетово – 151, на територијата на Скопје – 145, на територија на Куманово – 123…
Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.