Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер планира да се посвети на добротворна работа и на своите четири деца по крајот на својата кариера, изјави тенисерот за „Мајами хералд“.
– Сакам да бидам добар татко и сопруг. Се трудам да поминувам време со по две од моите деца истовремено. Тешко е да одделам време на сите четири во исто време. Потребно е постојано да разговарам со нив. На крајот на секој слободен ден им одделувам по три часа и во еден неврзан амбиент, ги разгледуваме нивните проблеми, рече Федерер.
Триесет и седум годишниот Швајцарец е освојувач на 20 Гренд слем титули, олимписки шампион од Пекинг 2008 и рекордер по бројот на последователни недели на чело на светската АТП листа (237 недели).