Полицијата утрово откри два претоварени автобуса на туристичка агенција од Гостивар, кои се движеле кон Охрид.
Според информациите на МВР, утрово, 8.10 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Другово, полициски службеници извршиле контрола во два автобуса на туристичка агенција од Гостивар, управувани од Б. М. (63) и И. И. (51).
При контролата било констатирано дека во автобусите се превезуваат поголем број патници од дозволениот максимум од 75% исполнетост на капацитетот на возилата, кои вршат јавен превоз на патници, односно не биле почитувани мерките за превоз на патници според здравствените прописи за време на епидемија.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.