Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган едногласно беше реизбран за лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП).
На шестиот редовен конгрес на партијата, од вкупно регистрирани 1.457 делегати, поддршка на Ердоган му дале 1.381 делегат, додека еден глас бил неважечки.
За време на своето обраќање на конгресот Ердоган нагласи дека нема да им се предадат на оние што се прикажувале како нивни стратегиски партнери, а во секој чекор се обидувале, како што рече, да ги претворат во стратегиска цел.
– Некои ни се закануваат со економија, санкции, со девизниот курс, каматите, инфлацијата. Ним им велиме: „Ја увидовме вашата игра и ве предизвикуваме“ – нагласи Ердоган, осврнувајќи се на последните случувања поврзани со санкциите кон Турција од страна на САД.
Турскиот претседател истакна дека тие не се поклонуваат и нема да се поклонат пред оние што, како што рече, ја градат својата благосостојба, искористувајќи го светот.