Од досегашните 27 машки финалиња, Вардар има 13 трофеи, Металург шест, Пелистер пет, а по еден имаат Тутунски комбинат Прилеп, Борец Велес и Шевро Куманово. Кај девојките, пак, 16 трофеи има Кометал Ѓорче Петров, Вардар шест, Металург четири и Куманово еден
РАКОМЕТ – ЗАВРШНИЦА НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
Во следните три дена почнувајќи од утре, салата „Автокоманда“ во Скопје ќе биде домаќин на фајналфор-завршниците во машкиот и во женскиот Куп на Македонија во ракомет. Минатата година поради пандемијата на коронавирусот, не се одигра завршницата во Купот на Македонија, така што улогата на бранител на титулата кај мажите ќе ја има Металург, а кај жените Куманово, како победници во купот во 2019 година.
Први на програмата се машките полуфинални дуели во кои утре ќе се сретнат, Металург – Вардар (16.30 ч.) и Еурофарм Пелистер – Бутел (19 ч.). Победниците од полуфиналните мечеви ќе играат во саботното финале, кое е закажано за 17.30 ч.
В петок, пак, се женските полуфинални средби, во кои први на терен ќе излезат ракометарките на Металург и на Куманово (15.30 ч.), а од 18 часот е полуфиналниот дуел меѓу Вардар и Чаир. Победниците од овие натпревари ќе играат во саботното финале (14.30 ч.).
Сите мечеви, со исклучок на женските полуфинални дуели, (кои ќе се пренесуваат во живо на стрим-каналот на Ракометната федерација на Македонија), ќе бидат емитувани во живо на МТВ 1 и МТВ 3.
Од досегашните 27 машки финалиња, Вардар има 13 трофеи, Металург шест, Пелистер пет, а по еден имаат Тутунски комбинат Прилеп, Борец Велес и Шевро Куманово. Кај девојките, пак, 16 трофеи има освоено Кометал Ѓорче Петров, Вардар шест, Металург четири и Куманово еден.
Распоред на натпревари
ПОЛУФИНАЛЕ – МАЖИ (УТРЕ)
Металург – Вардар 16.30 ч.
Бутел – Еурофарм Пелистер 19 ч.
ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ (ПЕТОК)
Куманово – Металург 15.30 ч.
Вардар – Чаир 18 ч.
ФИНАЛЕ – САБОТА
жени 14.30 ч.
мажи 17.30 ч.