Денеска во Битола се одбележа Денот на полицијата, 7-ми Мај.
Во рамките на чествувањата беше положено свежо цвеќе на спомениците на загинатите припадници на полициските сили, во дворот на СВР Битола и на споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник.
На двете спомен-обележја цвеќе положија началникот на СВР Битола, Славко Јовановски, претставници на СВР Битола и претставници на полицискиот синдикат, градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, претставници на Советот на општина Битола, началникот на секторот за превенција при СВР Битола, Сашо Гилевски, градоначалниците на општините Новаци и Могила, како и претставници на политичките партии.
М.М.