Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени.
Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во наредните денови нѐ очекува претежно стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.