На рускиот источен брег, морето исфрли необично влакнесто суштество кое ги остави жителите во шок. Мртвото животно има долга опашка, прекриено со крзно и нема видлива глава, ниту,пак, очи, а според очевидците тоа е големо колку тројца просечни мажи.
Граѓаните претпоставуваат дека се работи за некој изумрен вид од морските длабочини, на пример – мамут којшто испловил по топење на мразот.
Научниците од друга страна, веруват дека се работи за дел од кит.
– Мислим дека тоа е дел од кит. Под влијание на морето, времето и разните животни, китовите попримаат чудни облици. Ова е само дел од кит, а не цело животно – изјави рускиот морски биолог Сергеј Корнев.