Британската Национална агенција за криминал (НЦА) денеска уапси еден од најбараните луѓе во Европа, Флорин Гинеа, осомничен дека е глава на организирана романска криминална мрежа.
Гинеа (43), беше уапсен по излегување од сала за вежбање во Ватерфорд, 25 километри од центарот на Лондон, соопшти НЦА.
Романските власти го бараат Гинеа за обвиненија за организирање на синџир на трговија со луѓе, во рамки на кој Романки биле префрлувани во Ирска, Финска и Дубаи, заради сексуална експлоатација.
Тој, исто така, е обвинет за заговори за убиство на неговите противници од криминалните редови.
Гинеа го чека испорачување во Романија, а судот во Вестминстер му одреди притвор до следното сослушување на 25-ти септември.