Во Битола бројот на хоспитализирани лица се искачи на рекордни 152 лица позитивни на ковид-19.

Само во текот на вчерашниот ден беа хоспитализирани 25 нови пациенти. Меѓу хоспитализираните е и еден советник од Советот на Битола.

Расте бројот и на починатите, кои во последните 24 часа изнесуваше тројца пациенти, на возраст од 61, 62 и 68 години.

Најмладиот хоспитализиран пациент во Битола е на возраст од 23 години, а највозрасниот на 95 години.

М.М.