Министерот Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, на која се разговарало за последните акции на МВР и тековната техничка помош на САД за поддршка на министерството.
Како што се наведува во соопштението за средбата, амбасадорката Брнз го истакнала значењето на неодамнешните акции во борбата со криминалот.
На состанокот се разговарало за техничката помош која Амбасадата на САД континуирано ја дава на МВР, во јакнење на капацитетите на полицијата, преку програмите ИЦИТАП и АТА
– Во изминатите три децении, МВР и Амбасадата на САД соработуваа со цел да се постигнат заедничките цели во спроведувањето на законот и владеењето на правото, вклучително и обезбедување техничка и форензичка поддршка за конкретни случаи и обука и опрема за зајакнување на капацитетите на МВР. Сите овие активности придонесуваат за зголемена безбедност, поголема транспарентност и можност за истраги и гонење на корупција, тероризам, како и случаи на транснационален и организиран криминал – посочиле соговорниците.