Успешно се дигитализирани услугите за нострификација на диплома за високо образование, за аплицирање за стипендија, а дигитализирано е и аплицирањето за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти, информираат од Министерството заздравство.
Граѓаните, учениците и студентите, локалните самоуправи веќе нема потреба да доаѓаат во министерството туку тоа можат да го направат електронски. Со тоа во период на пандемија се влијае и на зачувување на јавното здравје.
– Имаме изјава од граѓанин којшто за еден ден ја завршил нострификацијата на својата диплома од странство, за што порано би му требале веројатно шест месеци. Ова укажува дека со дигитализација не само што се поквалитетни услугите, туку се и екстремно брзи. Во нашата администрација проблем е човечкиот фактор, а со дигитализацијата се надминува и нема застој во остварувањето на права – посочи министерката, Мила Царовска.
Таа сепак нагласи дека граѓаните уште не веруваат во дигиталните услуги, па голем дел од студентите и натаму сакаат да дојдат во министерството и да ги достават документите за стипендии, да се сигурни дека имаат архивско бројче.
– Треба да работиме на јавната свест дека дигиталните услуги се достапни и граѓаните преку нив побрзо и поефикасно можат да ги остварат своите права – рече Царовска.