Од денес, 9 април, по реновирањето повторно е отворен маркетот „Тинекс“ во Тетово. Новиот модерен маркет се наоѓа на добро познатата локација, ул. „Илинденска“ бр. 18б. Жителите на Тетово отсега ќе имаат одлично снабден маркет каде што ќе можат да пазаруваат во пријатна атмосфера и да ги купуваат бараните производи, по достапни цени.
При реновирањето на маркетот се користени материјали коишто се лесни и погодни за одржување на висока хигиена во услови на глобална пандемија. Во маркетот е интегрирана висока функционалност и естетски дизајн на ентериерот, со цел на потрошувачите да им обезбедиме лесно и удобно пазарење. Производите се позиционирани според светски стандарди за лесна достапност, а ознаките во маркетот се лесно видливи и им овозможуваат на купувачите брзо да ги најдат своите омилени производи.
Покрај модернизираниот ентериер, го збогативме асортиманот со нови категории на производи. Покрај редовните оддели со широка палета од над 5.000 производи, маркетот располага со пиљара со богата понуда на свежо овошје и зеленчук и месарница каде може во секое време да се купи свежо и квалитетно месо, преработки од месо и сувомеснати и млечни деликатеси. Маркетот по реновирањето има проширување на категориите здрава и органска храна и храна за домашни миленици.
Продажната површина на „Тинекс“ маркетот е 560 метри квадратни, а потрошувачите ги опслужуваат 18 вработени на 4 наплатни каси.
По повод отворањето, подготвени се многу акции, големи попусти и промоции за потрошувачите, а за сите членови на Мој Тинекс клубот, од 9 до 11 април ќе се доделуваат тројно повеќе поени за износот на сметката на Поен + картичките.
Како новитет, во склоп на истиот објект од 9 април компанијата „Тинекс“ отвора и нова продавница на ланецот парфимерии „Космо“, кој на пазарот е присутен веќе 11 години. Следејќи ги најновите трендови за нега и убавина, „Космо“ на жителите од Тетово ќе им понуди голем избор на производи наменети за: лице, тело, коса, декоративна, професионална и органска козметика и парфеми од светски познатите брендови.
Новата парфимерија е на површина од 76 метри квадратни и отворени се 5 нови работни места.
По повод отворањето подготвени се атрактивни акции со намалувања до – 65%, вредни подароци и многу изненадувања.