Главната расправа за судењето за „27 април“ е одложена поради тоа што член од судечкиот совет е позитивен на коронавирусот.
– Главната расправа за предметот поврзан со настаните од 27 април 2017 година кои се случија во Собранието и сите расправи насрочени до 25.4.2021 година, се одлагаат со оглед да дел од членовите на судечкиот совет се во изолација по добиен позитивен ковид-тест – соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
Следната расправа е закажана за 26 април, а за евентуални промени во термините за расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.