Регулаторна комисија за енергетика одлучи да изврши намалување на малопродажните цени на нафтените дривати во просек за 1,35 проценти во однос на Одлуката од 15.3.2021 година, информира Комисијата.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Еуродизел се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,818 ден/кг и сега ќе изнесува 35,393 ден/кг.
Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе бидат следните:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 67 денари за литар,
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 69 денари за литар,
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) ќе се продава за 56,5 денари за литар,
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 45,5 денари за литар,
Мазут М-1 НС ќе се продава по цена од 35,393 денари за килограм.