На 24-то Европско првенство (ЕП) во атлетика во Берлин, фаворитската улога во трката на 3.000 метри со пречки ја оправда Французинот Маедин Мекиси-Бенабад, 8:31,66 минути. Мекиси-Бенабад го освои петтиот медал на ЕП, претходно победувајќи четири пати на 3.000 метри (во Барселона 2010, Хелсинки 2012, Амстердам 2016 и Берлин 2018-та). На ЕП 2014 во Цирих беше најдобар во трката на 1.500 метри. Тој е двократен олимписки вицешампион на 3.000 метри од Пекинг 2008 и од Лондон 2012, и освојувач на бронза во Рио 201-та, како и освојувач на две бронзи на СП во Даегу 2013 и во Москва 2015 година.
Младиот 22-годишен Норвежанец, Карстен Вархолм победи во трката на 400 метри со пречки (47,64 секунди), што е нов европски рекорд за сениори до 23 години. Вархолм лани стана светски и европски првак во оваа дисциплина (до 23 години).
Во трката на 200 метри триумфира Турчинот Рамил Алиев, 19,76 секунди што е најдобро време на шампионатите. Втор беше Британецот Натаниел Мичел-Блејк (20,04), а трет Швајцарецот Алекс Вилсон со исто време.
Во женската трка на 100 метри со пречки нова европска првенка е Белорусинката Елвира Херман (12,67 секунди), европската и светска првенка (до 20 години) во 2015 и 2016 година.