Имунизацијата со вакцината „епивак корона“, развиена од рускиот Државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“, ќе почне во втората половина на март, изјави генералниот директор на Центарот, Ринат Максиутов, за „Русија-1 вести“.
– Нашите сограѓани ќе може да се вакцинираат со ‘епивак корона’ почнувајќи од втората половина на март – рече тој, пренесе ТАСС.
Во октомври 2020 година „епивак корона“ стана втората вакцина против коронавирус регистрирана во Русија. Вакцината се состои од вештачки синтетизирани кратки фрагменти на вирусни протеини – пептиди, кои придонесуваат имунолошкиот систем да го препознае и неутрализира вирусот.