Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, предупреди денеска дека одлуката на САД за воведување санкции кон Иран би можела да ја зголеми нестабилноста во регионот.
Во интервју за германскиот весник „Пасауер ноје пресе”, Мас ја оцени како „грешка” одлуката на САД да се повлече од нуклеарниот договор со Иран, бидејќи договорот е многу подобар од секоја алтернатива.
– Ние се бориме за договорот, бидејќи е во интерес за нашата безбедност да донесеме сигурност и транспарентност во регионот – рече тој.
Некои луѓе во владата на американскиот претседател Доналд Трамп тврдат дека новите санкции ќе доведат до политички промени, но Мас предупреди дека претходните примери за „промена на режимот” во Ирак и во Либија создадоа уште поголеми проблеми.