„Леново“ го претстави паметниот телефон „лиџен“ за гејмери
Компанијата „Леново“, преку социјалната мрежа Веибо, го објави пристигнувањето на паметниот телефон „лиџен“, наменет за гејмерите.
Во својата објава, генералниот директор на „Леново“, Чен Џин, откри дека „лиџен“ ќе има мноштво карактеристики и ќе понуди фантастично искуство со играњето игри. Тој исто така вети дека уредот ќе се појави на пазарот оваа пролет. Трејлерот открива дека ладењето ќе биде централен дел на уредот.
Се очекува „леново лиџен про 2“, наследникот на минатогодишниот модел „лиџен про“, да користи процесор снепдрагон 888 на компанијата „Квалком“, 16 гигабајти РАМ и некаков вид активно ладење, веројатно вграден вентилатор или таков што ќе може да се спои дополнително.
Исто така, треба да има батерија од 5.000 мегаампери и АМОЛЕД-екран, со брзина на освежување од 144 херци.