Полицијата со поддршка на специјалната единица, уапси синоќа маж кој фрли експлозивна направа во населбата Грдоњ, во Сараево.
Нема повредени. За време на неколкучасовниот претрес, мажот се криел во населбата, а според босанскиот портал „Клих“, повикувајќи се на неофицијални информации, кај него биле пронајдени пушка, пиштол и бомба.
Осомничениот ѝ бил претходно познат на полицијата и се лекувал на Клиниката за неврологија во Сараево.
Засега е непознато зошто ја фрлил бомбата.