Храна сојузник во борбата со астмата
Не постои едноставен начин за лекување на астмата, но има список на намирници што ги олеснуваат симптомите на оваа болест.
Генералната препорака на лекарите е разновидна исхрана, а како конкретен пример се наведува медитеранската варијанта. Тоа значи многу здрави масти, риба, интегрални житарки, овошје и зеленчук.
Врз основа на спроведени истражувања, намирниците што може да помогнат се: јаболка, портокали, ѓумбир, поради богатството од витамини и минерали, спанаќ, поради фолната киселина, калинка, поради антиоксидантите, лосос, пред сѐ поради омега 3 масните киселини.
Важно е да се напомене дека треба да се води сметка за тоа дека вишокот на килограми може да ја влоши состојбата, па затоа треба да се применува здрав начин на исхрана и, евентуално, диета. Сепак, за сѐ треба да се посоветувате со својот матичен лекар.