Граничниот премин Евзони е отворен за секаков вид сообраќај од 5.30 часот утринава, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) според информациите добиени од Грција.
Граничниот премин Евзони беше затворен од вчера (од 5 часот изутрина) поради штрајк на грчките цариници.